СКОПЈЕ ВО ПАРИЗ

Еден од најчитаните постови во 2017 на мојот блог беше “Париз во Скопје”, преку кој сакав да го доловам секојдневниот изглед на парижанките и да ви ги кажам неколкуте трикови без кои тие не можат.

Скопје во Париз е слична верзија на овој пост но во обратна улога, сакав да го пренесам модниот скопски дух во париското секојдневие. Стилот на скопјанките може да се каже дека е слободен но приземјен, со примеси на бунтовност. Аксесоарите пак ги сведуваме на минимум а исто така и шминката која не доминира.

Ова некаде го прочитав ама ми остана така во глава, за скопјанките – “Тие се мангупки со дамски манири.”

При мојата последна посета на Париз // градот на светлината, искомбинирав панталони со риги, блуза со карнер и високи потпетици. Во последно време ми е предизвик да комбинирам различни шари и дезени, дали на вас ви се допаѓа тој тренд?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *