SEXY MF

Scroll down for English version 😉

Сакам да ви ја претставам мојата нова колекција Sexy MF, за изработката на истата морав да излезам од мојата зона на комфорт. Материјалот кој го користев е кариран и рачно доработен со мониста и чипка. Сакав да направам нешто поразлично, уникатно и секси, за доволно храбри девојки и жени кои знаат што сакаат и имаат свој стил и имиџ кој го негуваат.

Инспирација за оваа колекција пред се ми беше музиката од легендарниот Принц, сакав да направам оригинални секси парчиња облека инспирирана од 80те и 90те. Морам да признаам дека деталите од чипка беа тотален ризик, затоа што незнаев како ќе се вклопи во целосниот изглед, но баш тие детали ја отцртаа целата колекција.

This is my brave new collection which I dubbed “Sexy MF”. I had to really step out of my comfort zone in order to design it. The fabric that I used is plead which I decorated with handmade beads and lace. I wanted to make something different, unique and sexy, for brave girls/women who know what they want and have a unique style.

The music from the legendary singer Prince served as an inspiration for this collection. I wanted to make original pieces of clothing inspired by the 80s and 90s. I must admit that the details of lace were a total risk, because I didn’t know how it will fit in the whole look, but exactly those details were the highlight of my collection.

Photo – Ladislav King, Vertigo Creative Photography & Video Solution
Models – Emma Alex & Majestic <3

САЕМ ЗА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ

Мојата најнова колекција „Sexy MF“ ја претставив на саемот за современа уметност – Paratissima во Скопје, кој се оддржа од 15 до 17 јуни 2017 год. Многу ми е мило што постојат настани од ваков тип во Скопје, мислам дека навистина ни се потребни затоа што Скопје и Македонија воопшто има навистина квалитетни уметници од секаков калибар.

Но да не се залажуваме, сепак се уште не функционира како што треба. Настанот беше просечно посетен (имаше простор за многу повеќе). Акцентот беше минимално насочен кон сите дизајнери кои изложуваа на саемот, а целосно кон настанот како бренд.

Иако плаќавме за учество на овој саем не добивме некаков посебен третман. Кога го пишувам ова, не мислам само за мене, туку и во името на другите дизајнери, (со кои имав можност да се дружам постојно). Многу работи што се ветија, не се исполнија.

Можеби тоа придонесе дизајнерите кои што ја претставуваа својата работа – колекции и производи (за кои напорно работеле изминатиот период), не поминаа најуспешно. Си земам за право да дадам ваква проценка, затоа што за време на целиот настан, еден од најпозитивните моменти беше дружбата меѓу дизајнерското community. Да не бидам многу критична, дефинитивно не жалам за учеството, затоа што дополнително запознав нови неверојатни дизајнери со кои што ќе останам во контакт и по завршувањето на овој настан.

Добрата забава во вечерните часови беше неминовна. Но сепак, на крајот на денот, целта беше посетителите да се инспирираат и да купат некое модно парче, а дополнително да се забавуваат (ако сакаат и да се опијанат).

За едно сум сигурна, тешко дека во блиска иднина јас со мојот бренд „Magda Station“ ќе се пријавам на сличен настан, од ваков карактер во нашата земја.

Една од причините која ме растажува е фактот дека популацијата, особено младата која би требало највеќе да делува за промени попрво би дала пари за претеран број на пијачки, на настан за современа уметност отколку поддршка и инвестирање во оригинално дизајнерско парче.

Друго, нормите и вредностите во општеството во коешто живееме налагаат и поттикнуваат конзумеризам, што во најмала рака не се намалува во секој поглед. Не велам дека некој се раѓа учен, но се што правиме е пресликување на однесување наметнато или пак наученото.

Време е да се стекне повисока едукација во многу насоки, кои ќе поттикнат покреативно општество. Светот ќе постане поубаво место за живеење доколку се обрне малце повеќе внимание на уметноста и луѓето кои творат.

Размислете пред да инвестирате во вашето следно парче облека.

Искуството е лично и нема за цел ширење на говор на омраза.

XOXO

 

ПАРИЗ ВО СКОПЈЕ

Инспирацијата е мојот двигател, а моето последно патување во Париз совршена инспирација да ги изработам парчињата облека проследени на фотографиите. Плисирано здолниште и кошула од памучна ткаенина на преклоп. Елеганција со леснотија во движењето. Храброст со нагласена женственост. Црвен кармин, задолжителен.

Никој не се раѓа како жена, жена се станува. – Симон Де Бовоар

Убавото Дебар Маало е збогатено со уште едно кафуле кое плени со оригинален и топол дух. Тука може да испиете и убаво горко турско кафе на само чекор од градскиот парк. Станува збор за ноотвореното кафуле Kahawa.

Енергијата што ја шири овој локал ме потсети на неодоливиот Париз и времето поминато во локалните кафулиња, кои доловуват сличен, амбиент. Совршено се вклопи со мојот изглед и креации инспирирани од истоимениот град.

Кошулата со принт и плисираното здолниште во комбинација со црни високи потпетици надополнети со црвен кармин. Верувале или не, но Парижанките наутро никогаш не го напуштаат својот дом без црвен кармин. Црвениот кармин е нешто како заштитен знак за нив, еден вид “оклоп” за претстојните “битки” водени во текот на денот.

Страста е најубава шминка за една жена. – Ив Сен Лорен

Најдете си боја што ќе биде ваш заштитен знак. Многу е важно да донесете одлука која боја најубаво ви прилега. Французинките веруваат дека убавината многу повеќе доаѓа однатре отколку однадвор. Почнете да се гледате себеси како јунак во сопствениот живот. – Французинки (Џејми Кет Колан)

Модата не е нешто што се покажува само преку фустаните. Модата е и во воздухот, на улица, модата мора да биде поврзана со идеите, со начинот на кој живееме, со се што се случува. – Коко Шанел

Сакам да и се заблагодарам на мојата пријателка Стефи која ги изработи овие прекрасни фотографии. Нејзината работа можете да ја проследите тука P.S. Photography.