ПЕКОЛНО ЛЕТО

Едно е сигурно, дојде пеколното лето во Скопје. Една од мерките за заштита е да користите облека направена од природни материјали како лен или памук. Јас се одлучив да направам кимоно наметка од памучен материјал со принт, да ги растерам пеколните демони. Може да се искомбинира со многу различни парчиња облека, а сепак да изгледа фраерски и модерно додека шетате низ пеколните улици на Скопје.

Може да го купите овој изглед тука / You can buy this look here <3


Вториот изглед е памучен фустан со апликација на цветови. Иако е долг, многу е лесен и пријатен за носење. Овој фустан е исто така дизајнерско парче, направено од мојата драга пријателка и колешка Евгенија Зафировска. И двете комбинации се надополнети со обувки рачно изработени, инспирирани од јапонската култура – дизајн на Евгенија Зафировска.


Препорака за долгото и топло лето: Носете што помалце облека, користете крема за сончање и уклучете клима 😉

Photo: P.S. Photography

XOXO