30 ДНЕВЕН ПРЕДИЗВИК – 30 ДЕНА – 30 ПАРЧИЊА ОБЛЕКА

Ноември е месец кој некако го доживувам депресивно, па сакам да направам нешто интересно и предизвикувачки. Ова дефинитивно ќе биде предизвик, но невообичаен. Се одлучив да направам триесет парчиња облека за триесет дена т.е. едно парче облека за еден ден во наредните триесет дена и секој ден ќе го постирам направеното парче облека на мојот инстаграм профил.

November is usually a month when I’m feeling depressed, so to cheer myself up, I will challenge myself with something interesting. This will definitely be something unusual for me. I decided I would make 30 pieces of clothing in 30 days, one piece of clothing for every day of the month. I will post the clothes I make on my Instagram profile everyday.

XOXO

ЕСЕНСКИ ЗРАЦИ

Scroll down for English version 😉

Иако е веќе ладно за да се шетаме по маица со кратки ракави ( секогаш можете да го надополните вашиот изглед со кожна јакна или пак некој друг тип на жакет) направив интересна комбинација во боите на есента. Маица со реси (на едно впечатливо место) во комбинација со црно долго здолниште со златни риги.

Бев во посета на археоастрономскиот локалитет “Тетиќев камен” – Кокино една од најстарите опсерватории во светот, ви препорачувам да го посетите овој локалитет особено во периодот од денот кога заоѓа сонцето. Ќе се заљубите во неговата магија.

Although it’s already too cold to wear a t-shirt (you can always complement your look with a leather jacket or some other type of jacket), I made an interesting combination in the colors of autumn. A t-shirt with a fringe (in an extraordinary place) combined with a black long skirt with golden stripes.

I visited the archeo-astronomical site “Taticev Kamen” – Kokino, one of the oldest observatories in the world. I recommend you visit this site, especially during a sunset. You will fall in love with its magic.

XOXO

WALK OF LACE

Scroll down for English version 😉

Комбинезонот кој е претставен на фотографиите e изработен од чипка, воедно ми е едно од омилените парчиња што ги имам направено во последно време. Сакав да ја претставам елеганцијата и деталите на самиот модел и затоа се одлучивме со мојата драга пријателка Стефи (која ги изработи овие неверојатни фотографии) да го искористиме зајдисонцето, а прекрасната Ана Миладинова се согласи да ни биде модел.

Секогаш велам дека секоја жена во својот плакар треба да поседува едно оригинално и уникатно парче облека кое додека го носи ќе направи да се чувствува возвишено и моќно.

Пробајте, иако ќе треба да излезете можеби од вашата комфорна зона, вреди тој миг кога сите погледи ќе бидат вперени во вас 😉

One of my favorite pieces that I made lately is this lace jumpsuit. I wanted to present the elegance and details of this model and that’s why we decided with my dear friend Stefi (who made these incredible photos) to use the sunset, and the beautiful Ana Miladinova agreed to be our model.

I always say that every woman needs to have an original and unique piece of clothing, so she can feel exalted and powerful while wearing it.

Try it, maybe it’s out of your comfort zone, but when all the looks are pointed at you, it’s worth it. 😉

P.S. Amazing Photo: P.S. Photography <3

XOXO