BE UNIQUE. BE DIFFERENT. BE ORIGINAL.

Scroll down for English version 😉

Иако сезоната за дуксери одамна е започната, јас се решив да ве изненадам со уникатен дизајн дуксери кои се рачно доработени со реси, совршени за разигрување на вашиот есенски изглед.

Бренд амбасадорот на Магда, прекрасната и уникатна Александра, уште еднаш застана пред објективот на талентираната фотографка Стефани и заедно преку фотографиите и видеото ја претставија енергијата и пораката на модниот бренд Магда.

Затоа бидете и вие уникатни, различни и оригинални носејќи ги блузоните на Магда. Чекорете низ улиците на Скопје во боите на виножитото.

Although the season for sweatshirts has already started, I decided to surprise you with a unique design of sweatshirts with handmade fringes, perfect for your playful autumn look.

The brand Ambassador of Magda, the beautiful and unique Alexandra, is once again standing in front of the lens of the talented photographer Stefi and together they represent the energy and message of the fashion brand Magda.

So be unique, different and original, wear Magda’s sweatshirts. Walk through the streets of Skopje in the colors of the rainbow.

Model // Majestic by Alex

Photo & Video // P.S. Visual

BOHEMIAN RHAPSODY

Ако сакате да бидете уникатни оваа есен  дефинитивно треба да одберете парче облека од новата колекција на модната дизајнерка Сара Џи. Таа се претстави со најновата колекција Bohemian Rhapsody на Модниот викенд во Скопје.

Јас избрав сива волнена блуза и долго здолниште од чипка, ми се допаѓа изглед кој е комбинација од елегантно парче со секојдневно парче на облека.

Новата колекција на Сара повторно изобилува со парчиња облека кои се рачно доработени, иако вметна рокенрол вајб таа остана достојна на нејзиниот печат. Совршени наметки и долги фустани изработени од најфини материјали се само дела од нејзиното модно кралство. Во прилог и неколку фотографии од моите омилени парчиња од најновата колекција на Сара Џи.

Изгледите во оваа колекција беа надополнети со рачно изработени круни и накит од Queen Jewellery Design

       Photo // P.S. Photography <3