ЗБОГУМ 2017, ДОБРЕДОЈДЕ 2018

Сакам со вас да ги споделам едни од најзначајните моменти за Магда во 2017 година. Иако помина само една година од кога започна да работи станицата на Магда, се случија многу убави работи, соработки, колекции, работилници и моменти за паметење. Ви благодарам на сите за неизмерната поддршка, се надевам дека уживате во празниците и ви посакувам уште подобра 2018 година, живели 😉

  • Актерите Ерина и Стефан носат Магда на црвениот тепих на Берлинскиот интернационален филмски фестивал.

  • Започна со соработка, а се претвори во пријателство. Ти благодарам Александра за неизмерната поддршка :*

  • Заедно со дизајнерките Евгенија Зафировска и Морана Радочај направивме успешна работилница во Public Room за изработка на производи од рециклиран материја.

  • Колекцијата Sexy MF, благодарности до Ladislav King за феноменалниот едиторијал.

  • Интересна но не и последна соработка со модната блогерка Dilek <3

  • Предизвикот 30 дена – 30 парчиња облека

  • Константната соработка со фотографката Стефи // P.S. Visual Art, ти благодарам од се срце што го комплетираш секој изглед на Магда со неверојатни фотографии <3

  • Среќна нова година, ви посакувам убави моменти, добри парчиња облека и насмевки во новата, ве сакам <3

XOXO

ЕДНО МЕСТО ВО СКОПЈЕ

Еден од напитоците кој што е двигател на денешницата е кафето. Лично јас неможам да го започнам денот без една шоља добро кафе. Во нашиот град постои место каде што може преку вкусот на кафето да отпатувате во Гватемала, Кенија, Бразил, Ел Салвадор, Колумбија…

Новите постапки на правење на кафе и вкусот на различните типови на квалитетно кафе го прават ова место уникатно и единствено. Благодарение на најдобрите баристи во Р.Македонија Влатко Ангеловски и Александар Патлиџанковски секој може да си ја почасти душичката со убаво кафе. Станува збор за Drip Coffee, место кое што ќе ги разбуди сите ваши сетила.

* Парчињата облека може да ги набавите во модно студио Магда

Здолниште // Basileia 

Photo // P.S. Photography

 

30 ПАРЧИЊА ОБЛЕКА

 

Заврши ноемврискиот предизвик наречен “30 дена – 30 парчиња облека”. Во прилог ви претставувам фотографии од направените модели со различни дизајни, облека за сечиј вкус. Иако повеќето парчиња се распродадени се уште има неколку оригинални парчиња достапни во модното студио Магда.

Следете не на нашиот ФБ и Инстаграм профил, бидејќи месецов ви спремаме изненадувања и попусти за да се подготвите за претстојните празници и прослави.

XOXO