BOHEMIAN RHAPSODY

Ако сакате да бидете уникатни оваа есен  дефинитивно треба да одберете парче облека од новата колекција на модната дизајнерка Сара Џи. Таа се претстави со најновата колекција Bohemian Rhapsody на Модниот викенд во Скопје.

Јас избрав сива волнена блуза и долго здолниште од чипка, ми се допаѓа изглед кој е комбинација од елегантно парче со секојдневно парче на облека.

Новата колекција на Сара повторно изобилува со парчиња облека кои се рачно доработени, иако вметна рокенрол вајб таа остана достојна на нејзиниот печат. Совршени наметки и долги фустани изработени од најфини материјали се само дела од нејзиното модно кралство. Во прилог и неколку фотографии од моите омилени парчиња од најновата колекција на Сара Џи.

Изгледите во оваа колекција беа надополнети со рачно изработени круни и накит од Queen Jewellery Design

       Photo // P.S. Photography <3

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *